top of page
Image by Ivan Karpov

- Apollon Hellas -

Здружение кое помага при запишување на студенти на факултет во Република Грција. 

Услуги

Избор на факултет

Консултации при избирање на одреден факултет

Пополнување на апликација

Целосно пополнување на апликација и запазување на потребните рокови

Превод на целосната документација

Целосен превод на потребните документи од страна на овластен преведувач

Студентска виза

Помош при добивање и поднесување на документите за студентска виза.

Цена на услуги

ПАКЕТИ

Silver

Platinum

200 EUR

Советување и пополнување апликација за факултет.

Испраќање на пополнетата апликација.

900 EUR

Целосно пополнување и испраќање апликација за факултет. 

Придобивање на потребните документи за студентска виза.

Превод на документацијата.

Закажување и аплицирање за студентска виза.

Помош при добивање на потребни грчки документи (даночен број, дебитна картичка, сим картичка и др.)

Image by Tomas Eidsvold

Придобивките да се биде студент во Грција

• Бесплатни студии

• Признати дипломи во ЕУ, САД, и Океанија

• Универзитетска размена низ целиот свет

• Студентска работа

• Квалитетен, современ, високо технолошки образовен систем

• Современ научно астрономски истражувачки центар - Научна обсерваторија на Крит

• Можност за вдомување во студентски домови и користење на студентска менза

• Спортско рекреативни центри

• Студентски здравствени услуги / Осигурување / Посебни потреби

• Канцеларија за услуги за кариера

• Стипендии

• Центар за настава по странски јазици

• Библиотека и информативен центар

• Спортско рекреативни центри (патеки за трчање, теретани, фитнес центри, банзени, спортски терени)

• Универзитетски кампови

• Одделение за дневен престој

Image by iam_os
Image by Julian Paul

Универзитети

university-of-athens_700_wm.jpg

Идејата за основање Универзитет во Грција се појави заедно со Грчката војна за независност, позната и како Грчка револуција. Националниот и Каподистриски Универзитет во Атина, официјално основан на 14 април 1837 година, е првиот универзитет не само на Грција, туку и на Балканскиот полуостров и во регионот на Источниот Медитеран.

СТУДИИ ВО НКУА 43 одделенија, повеќе од 200 постдипломски програми

EST. 1837 година Од минатото кон Иднината

НКУА ФАКТИ

45.473

Додипломски студенти

27.173

Постдипломски студенти и Доктори на науки

8.033

Странски студенти

2.000

Академски кадар

1.051

Административен кадар

43

Сектори

ewrt5g.jpg

Основан во 1973 година, Универзитетот на Крит е млада јавна образовна институција сместена во регион богат со антички и модерни медитерански култури. Во моментов, околу 20.000 студенти на додипломски и постдипломски студии учат овде преку училиштата за филозофија, образование, општествени науки, науки и технологија и медицина, подучени од академски кадар со поглед нанадвор, посветен на квалитетот во наставата, истражувањето и партнерствата во заедницата.

2741003801_41bd62b753_b.jpg

Аристотелскиот универзитет во Салоника е најголемиот универзитет во Грција. Главниот кампус се наоѓа во центарот на градот Салоника, и се простира на површина од околу 33,4 хектари. Се состои од 10 факултети кои се состојат од 40 училишта и 1 едношколски факултет. Некои образовни и административни објекти се наоѓаат надвор од кампусот од практични и оперативни причини. Голем број од овие објекти се наоѓаат надвор од градот Салоника или дури и во други градови. Околу 88.283 студенти студираат на Универзитетот Аристотел, 77.198 на додипломски програми и 6.588 на постдипломски програми. Има и 3.952 на ниво на докторат). Има 1.682 членови на факултет. Има и 311 членови на Специјалниот лабораториски наставен персонал (С.Л.Т.П.). На членовите на факултетот им помагаат и 144 членови на Специјалниот технички лабораториски персонал (S.T.L.P.). Административната канцеларија се состои од 278 вработени на неопределено време и 256 вработени со приватен договор на неопределено време.

Image by Vesela Vaclavik
„Кога пречката ќе стане можност“ - Атена
bottom of page